Нејмар е во центарот на вниманието на фудбалската јавност во последните неколку денови. Откако беше обелоденето дека неговиот имот и имотот на неговата фамилија е замрзат во Бразил поради неплатен данок, тој се појави со избричена глава на последниот натпревар за Барселона.
Во спортските кругови се шпекулираше дека тој тоа го сторил како подршка за неговата баба која наводно била болна од рак.
Сепак, каталонскиот весник „Ел Мундо Депортиво“ тврди дека сето тоа не е вистина.
– Нејмар нема болна баба, а главата си ја избричил поради облог со Дани Алвеш. Не се знае што точно добил, но новиот имиџ е создаден во самата соблекувална, пред очите на останатите фудбалери кои биле шокирани. Токму Алвеш бил „фризерот“ што се погрижил за новата фризура на својот репрезентативен колега – открива каталонскиот весник.
Воедно, истиот извор тврди дека главните спонзори на Нејмар како „Жилет“ и „Покер старс“ воопшто не биле импресионирани од новиот изглед, па сега сериозно размислуваат дали да го вклучат Бразилецот во своите нови рекламни кампањи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.