Германската канцеларка Ангела Меркел има најнизок рејтинг во последните четири години, покажуваат резултатите од денеска објавената анкета на „Дојчлантренд“ за телевизијата АРД.
Анкетата покажува дека популарноста на Меркел забележала пад од девет отсто и сега изнесува 54 проценти. Тоа е најлош рејтинг на Меркел од декември 2001 година, кога почна финансиската криза во еврозоната.
Најпопуларен германски политичар е министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајмајер со 65 отсто, а втор е министерот за финансии Волфганг Шојбле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.