Корпулентниот центар Ратко Варда кој има огромно искуство под кошевите ќе ги засили редовите на македонската екипа Кожув. Тој секако е најзвучното име во преодниот рок оваа сезона бидејќи има огромно педигре играјќи и во НБА лигата за екипите на Детроит и Орландо. Амбициозниот клуб од Гевгелија успеа да го договори трансферот на центарот па така Варда ќе биде најзвучното име во таборот на тимот на Боби Митев во новата натпреварувачка сезона.
– Некогашниот играч на Реал Мадрид, Жалгирис, Химки, Бешикташ, Партизан како и НБА екипите Детроит и Вашингтон, Ратко Варда потпиша договор со КК Кожув – објави Кожув на својата официјална фејсбук-страница.
Варда во изминатите две години во неколку наврати беше поврзуван со трансфер во МЗТ Скопје, на крајот тој сепак ќе заигра во Македонија, но во дресот на Кожув, тимот што лани играше во финалето од Купот на Македонија. Овој одличен центар ќе го завземе местото во тимот на Златко Гоцевски, со кого беше прекината соработката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.