Судскиот совет на Врховниот суд на Хрватска ја укина неправосилната првостепена пресуда за поранешниот премиер и лидер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, за корупцискиот скандал со „случајот Фими медија“ и одреди кауција за негови излегување од притвор, јави ХРТ.
Санадер е во затворот Реметинец врз основа на пресудатa за „Фими медија“, односно во така наречен облигаторен притвор, кој во согласност со законот може да им се одреди на сторителите на кои им е изречена неправосилна затворска казна поголема од пет години.
Врховниот суд вчера ја заврши тридневната седница на која се расправаше за жалбите во најголемата корупциска афера во хрватската политика – „случајот Фими медиа“, во која покрај Санадер за извлекување на пари од државните институции и фирми неправосилно е осудена и неговата поранешна партија ХДЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.