Следната сезона во Формула 1 ќе започне две недели порано, од првичниот распоред кој означуваше старт на сезоната 2016 на 3.април, соопшти Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).
ФИА денеска е објавен ревидираниот календар за следната сезона која започува на 20.март на трката за Големата награда на Австралија.
Првпат во календарот е вметната трката во Азербејџан која ќе се вози на 19.јуни, а сезоната ќе заврши во Абу Даби на 27.ноември.
Календар за Формула 1 за сезоната 2016:
20.март Австралија
3.април Бахреин
17.април Кина
1.мај Русија
15.мај Шпанија
29.мај Монако
12.јуни Канада
19.јуни Азербејџан
3.јули Австрија
10.јули Велика Британија
24.јули Унгарија
31.јули Германија
28.август Белгија
4.септември Италија
18.септември Сингапур
2.октомври Малезија
9.октомври Јапонија
23.откомври САД
6.ноември Мексико
13.ноември Бразил
27.ноември Обединети Арапски Емирати
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.