| четврток, 6 декември 2018 |

Нови непријателства: Српска актерка со еден коментар ѝ одржа лекција на Карлеуша, која долго ќе ја памети

Како што се чини, Јелена Карлеуша си доби нови непријатели кога си дозволи да го коментира стилот и изгледот на актерките Слобода и Драгана Миќаловиќ.

насловна-јкслобода

Тие не се кафекуварки па на јавни места да се појавуваат со ранец, без шминка, со кафена измиена и неисфенирана коса. Забележав дека актерките го практикуваат тој стил – секојдневно, валкано, не ми е грижа, не сум исчешлана и не сум нашминкана или тргнав да фрлам ѓубре, а одат на црвен тепих. Е, па  тоа не може така, изјавила Карлеуша во една емисија гледајќи го пристигнувањето на сестрите актерки Миќаловиќ на ревија на нивната тетка, модната дизајнерка Верица Ракочевиќ.

Драгана и Слобода Миќаловиќ на ревијата на Верица Ракочевиќ

Драгана и Слобода Миќаловиќ на ревијата на Верица Ракочевиќ

Иако е познато дека ретко влегува во такви расправии, се чини дека овој коментар на Јелена ја погодил Слобода Миќаловиќ, која решила да ѝ одговори и тоа преку социјалните мрежи.

Бојадисаната госпоѓа вели дека не се доаѓало така на ревијата на Верица Ракочевиќ, а врска нема дека токму  на мене е фустан дизајниран од Верица! Но, сепак, добро е! Воопшто немаше да биде на арно ако на бојадисаната госпоѓа ѝ се допаднеше како се облеков. Се плашам дека  тогаш, навистина, би имала проблем, напишала Слобода.

Screenshot_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top