| четврток, 6 декември 2018 |

Задолжителна употреба на детско седиште во возилата, избегнувањето е казниво е според закон (ВИДЕО)

Децата во автомобилите мора да седат во посебно седиште. Со новиот Закон за  безбедност во сообраќајот, за првпат станува задолжителна обврската за употреба на детско седиште во возилата. За непочитување на оваа обврска е пропишана казна од 35 евра во денарска противвредност.

Decije-sediste-07 (1)

Ова е исклучително важна одредба, која сериозно ќе влијае во подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот, смета претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), Стојче Стаменковски.

– Законот предвидува дека на задното седиште може да се превезува дете помало од 5 години само со употреба на детско седиште, кое ќе биде соодветно прицврстено со сигурносен појас во автомобилот. На предното седиште ќе може да се превезува дете помало од две години во седиште, само доколку во автомобилот нема воздушно перниче – вели Стаменковски.

Цените на детски седишта во продавниците е различна, во зависност од килажата на детето. Просечната цена е околу 4.000 денари, но набавката не е луксуз, туку реална потреба за поголема безбедност на децата.

Граѓаните ја поддржуваат одлуката задолжително да се употребува детско седиште во возилата. Според нив, потребни се ригорозни казни за несовесните возачи.

Подготви:Јана Јосифоска
Видео: Дејан Станчевски
Монтажа: Илија Јовановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top