| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов во ЗОО градина Скопје едукативни работилници за змиите и за пештерите

скопје

Во Мултинаменскиот едукативен центар на ЈУ Зоолошка градина Скопје викендов ќе се одржат бесплатни едукативни работилници на тема „Змиите, нашите тивки соседи“ и „Во светот на пештерите“.

В сабота ќе се одржи едукативната сесија „Змиите, нашите тивки соседи“ по повод „Бела ноќ“, на која ќе бидат опфатени темите: змиите наши соседи (колку видови на змии имаме во непосредна близина на Скопје), како нашите најмлади гледаат на змиите, кога змиите се најстрашни или кога најмногу се плашиме од змиите и дали постои град на змиите и каде е?

Целата сесија, како што велат организаторите, ќе биде адаптирана пред се за младите посетители (од 8 до 14 години), а ќе содржи и информации што можат да бидат корисни и на возрасните.

Преку мултимедијална презентација (видео и аудио) во траење на еден час посетителите ќе можат да добијат забавно-едукативна програма за овие животни.

В недела (4 октомври) во организација на Истражувачко друштво „Урсус спелеос Скопје“ и Македонско еколошко друштво во Едукативниот центар на ЗОО градина ќе се одржи интерактивна едукативна работилница на тема „Во светот на пештерите“, на која посетителите ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата. Работилницата е адаптирана за деца од петто до деветто одделение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top