| четврток, 6 декември 2018 |

„Принцот“ Боатенг од утре на тренинзи во Милан!

boateng

Поранешниот играч на Милан, Кевин Принс Боатенг кој го напушти клубот во 2013 година и премина во редовите не Шалке, од утре ќе се приклучи на тренинзите на „росонерите“ и ќе се обиде да ги задоволи вкусовите на управата и тренерот Михајловиќ за подоцна да биде ангажиран.
Тој настапуваше две години во Гелзенкирхен, но во мај беше суспедниран од тимот, а подоцна му беше и раскинат договорот. Летово Боатенг се поврзуваше со трансфер во Спортинг Лисабон, но не ги помина лекарските тестови.
Сепак фудбалерот на Гана се поврзува со трансфер во Галатасарај во зимскиот преоден рок бидејќи претседателот на турскиот гигант Ајдин Озбек истакнува дека има усен договор со Боатенг за трансфер по нова година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top