Јирген Тоденхофер (75), германски новинар во т.н. Исламска држава поминал десет дена. Тврди дека тоа е најопасна и најбрутална терористичка група на светот. За своите искуства напишал книга. Тој тврди дека ИСИЛ планира „нуклеарен холокауст и дека сака да избрише милиони луѓе од лицето на земјата“.
Тој тврди дека ИСИЛ сака да го прошири калифатот на целиот свет. Тоденхофер тврди дека ИСИЛ му дозволиле да престојува на нивна територија бидејќи тој остро ја критикувал американската политика на Блискиот Исток, пишува „Дејли меил“, кој се повикува на „Експрес“.
Новинарот тврди дека ИСИЛ сака да поведе „нуклеарно цунами“ против Западот и сите што мислат поинаку од нив. Тоденхофер сето тоа го опишал во книгата под името: „Внатре во ИСИЛ, десет дена во Исламската држава“. Новинарот тврди дека тој и неговиот син кога влегле на подрачјето што го контролира ИСИЛ морале да ги предадат своите мобилни телефони. Тврди дека со месеци претходно преку „Скајп“ контактирал со припадници на ИСИЛ пред да му дозволат да дојде на нивна територија.
„Видов видеоснимки од брутални убиства, па пред да заминам на територијата што ја контролира ИСИЛ оставив порака. Луѓето таму спијат во урнатини, бараки, разурнати куќи. Спиев на под, кога имав можност некогаш на пластичен душек. Имав и вреќа за спиење“ – вели Тоденхофер.
Тој додава дека ИСИЛ објавува брутални видеоснимки за да го прошири теророт и стравот и полесно да заземе некое подрачје. Вели дека ИСИЛ е најстрашна терористичка група што некогаш ја видел и дека тешко некој ќе може да ги запре.
„Можат да ги запрат само Арапите“ – тврди новинарот.
Тој тврди дека ИСИЛ е многу поорганизиран и поопасен од што Западот е свесен за тоа. Тоденхофер, главно, престојувал во Мосул и Ирак, но бил и во Ал-Раки и Деир ез-Зор во Сирија.
„Исклучително се брутални. Велат дека мора да умрат 500 милиони луѓе. Убедени се дека ќе ја добијат битката. Паметни се, организирани и опасни, а моралот им е многу висок. Планираат масакри и геноцид, сакаат да убиваат неверници и нивните жени и деца ги направиле свои робови. Сакаат да убиваат муслимани што промовираат демократија. Сакаат да го покорат светот“ – рече Тоденхофер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трамп има право да бара соработка со Русија против ИСИЛ во Сирија
-
Лекари планирале терористички напад со антракс во Кенија
-
Голема акција: Ердоган ги предаде терористите – македонски државјани војувале во редовите на ИСИЛ
-
Светот во шок: Децата ѕверови на ИСИЛ безмилосно ги ликвидираат своите жртви (Фото)