Фудбалската Асоцијација на Англија (ФА) го затвори случајот на Мурињо и Карнериро со тоа што нема да го суспендира менаџерот на Челси на пет натпревари.
ФА не ги негира обвинувањата кон Мурињо дека тој на португалски јазик упатил пцовки во финишот од мечот во рамките од првото коло против Свонси кон докторката Ева Карнериро, туку утврди дека Португалецот не ги прекршил правилата.
Имено, иако беше докажано дека тој користел пцовка на португалски јазик, ФА посочи дека тоа само по себе не претставува доволна основа за казна. Во моментот на пцовките Ева не била во негова близина, што според ФА значи дека “не станувало збор за директна пцовка“, туку за „зборови искажани во нервоза“, што не е доволна причина за казна.
Распуштањето на овој случај против „специјалниот“ претставува еден проблем помалку за него. Мурињо ќе треба и судски да одговара во процесот што Карнеиро го почна против него и против клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.