| четврток, 6 декември 2018 |

Бекам ги помеша лончињата, потенцијални победници во ЛШ се ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Милан?

dejvid bekam

Англиската фудбалска икона, Дејвид Бекам именуваше три европски тима како потенцијални освојувачи на годинашната Лига на шампиони.
Тој настапувал за сите три тима и можеби затоа ги измеша лончињата, кои покрај ПСЖ, Манчестер Јунајтед го сврсти и Милан како најсериозни кандидати за освојување на „клемпавкото“.
Очигледно не ги прател „росоњерите“ минатата сезона бидејќи „црвено-црните“ ја завршија на десеттото место и не се квалификуваа за ЛШ.

Во разговор за „Спорт 360“, Бекам изјави: Кој посакувам да освои е сосема друга приказна отколку тоа кој може да ја освои – изјави прославениот англиски репрезентативец.

– Морам да кажам дека Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Милан. Еден од тие три тима посакувам да освои. Кога играте во Лигата на шампионите ќе сфатите колку ова натпреваување е посебно и колку им значи на клубовите и играчите. Тоа е едно од најдобрите натпреварувања, и на секој натпревар одите да победите – заврши Бекам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top