| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска унифицирање на излози на дуќани во Чаршијата

Министерот за економија, Беким Незири денес најави дека процесот на унифицирање на излози на дуќаните во Старата скопска чаршија ќе започне од 1. октомври, пишува „Нетпрес“. За годинава е предвидено унифицирање на излози на 60-тина дуќани во еден дел од чаршијата.

– Министерството за економија има обезбедено околу 400 илјади евра и веќе од октомври активно ќе започне унифицирање на излози во Старата скопска чаршија. Апликациите сеуште не се поднесени затоа што проектот прво мора да се одобри од Конзерваторскиот центар и од Министерството за култура, рече министерот Незири.

Тој информира дека веќе е објавен повик за тоа како треба да изгледаат излозите што ќе биде субенционирано од државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top