Четврток започнува со претежно облачно време, но денот ќе ни донесе постепено намалување на облачноста, за веќе во текот на ноќта во поголем дел од земјата да имаме мала облачност. Значи, како ќе одминува денот, ќе има се подолги сончеви периоди, и тоа со прогресија од север кон југ. Ветерот ќе биде слаб.
Утрото ќе биде свежо, со минимална температура во границите од 8°С до 12°С, а на повисоките места помеѓу 4°С и 7°С.
Највисоката дневна температура ќе биде во границите од 20°С до 23°С во поголем дел од котлините низ земјава, а на повисоките места во источниот крај таа ќе има вредност околу 16°С.
Извор: Метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.