Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Њујорк учествуваше на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан организиран од страна на Регионалниот совет за соработка на кој учествуваше и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Како што соопшти МНР, на средбата што се одржа во рамки на 70. Генерално собрание на ОН, се разговараше за обврските превземени на Самитот во Виена, од август годинава, со фокус на мерките во областите на енергија и транспорт, забрзување на економскиот раст и развој, како и спроведување на европските стандарди и исполнување на ЕУ критериумите.
– За време на работниот појадок соговорниците разменија мислења за прашања од заеднички интерес, со посебен акцент на актуелната миграциска криза и потребата од соработка на државите од Западен Балкан во справувањето со масовниот наплив на мигранти. Беа разменети мислења за унапредување на регионалната соработка, реформите во областа на економското управување и владеењето на правото кои се релевантни за процесот на евроинтеграциите, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Заев и Димитров добија лајк од Пенс (ВИДЕО)
-
Мицкоски на средба со министерка за одбрана на Италија и италијанскиот амбасадор Карло Ромео
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот



