Британската пејачка со потекло од Kосово, Рита Ора (24) сака да експериментира со својот моден стајлинг но и со фризурите. Поп-ѕвездата која долго време беше препознатлива по долгата руса коса се одлучила да направи драстична промена.
Рита ја скратила својата долга руса коса и напрвила пикси фризура. Фотографијата ја објави на социјалните мрежи. Таа со новиот имиџ ги воодушевила фановите кои и порачале дека секоја фризура и прилега беспрекорно.
Инаку оваа фотографија е снимена во бекстејџот на снимањето за канадското издание на магазинот „Ел“. Рита важи за муза на дизајнерот Џереми Скот чии шарени креации ги носи со задоволство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



