Група ученици СУГС Арсени Јовков доцна попладнево околу 18 и 30 часот излегле надвор од објектот и се пожалиле на печење во очите и грлото, јави 24 Вести.
Обезбедувањето веднаш повикало полиција, а децата се пренесени во клиниките во Скопје.
Од клиниката за токсикологија за 24 Вести потврдуваат дека учениците што попладнево со печење во очите и грлото итно биле пренесени на токсикологија се стабилни и во моментов примаат терапија.
Оттаму не сакаат да откријат ништо повеќе.
Полициски екипи вршат увид за утврдување на причините за настанатата ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



