| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: ИД нè прогласи за непријател

vladimir-putin-id-ni-obqvi-za-vrag-329089

Исламска држава (ИД) одамна нè прогласи за непријател, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Според зборовите на шефот на државата, неговата земја смета дека борбата против радикалната група треба да се води со напорите на сите држави.
– Војната против тероризмот треба да се води во согласност со нормите на меѓународното право – рече господарот на Кремљ.
– Ако терористите успеат да победат во Сирија, тие ќе дојдат и во Русија. Јас нема да чекам – Путин беше категоричен.
Претседателот на Русија потврди дека како врховен командант дал наредба САД и други земји да бидат информирани за активностите на воените авиони.
Денес воздухопловните сили на Русија нанесоа удари по позиции на ИД крај сирискиот град Хомс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top