| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен новиот продажно-сервисен центар на „БМВ“ и „Мини“

Вечерва се отвора новиот продажно-сервисен центар на компанијата „М Кар“, главен увозник и дистрибутер на возилата „БМВ“ и „Мини“ за Македонија и за Косово.

M Kar BMW Press (13) (Custom)

На прес-конферецијата по тој повод се обрати генералниот директор на компанијата, Марко Јовановски, кој истакна дека менаџерскиот тим ќе функционира преку современ пристап, свежа енергија и значително подобрен квалитет на грижа за корисници, а во новиот продажно сервисен центар сопствениците на „БМВ“ и „Мини“ возилата ќе можат да добијата врвна услуга, која ја заслужуваат како корисници на нивните премиум возила.

M Kar BMW Press (4) (Custom)

Инвестицијата на компанијата „М Кар“ изнесува 4,5 милиони евра, која спред Јовановски претставува долгорочна инвестиција со што ќе ги задоволи очекувањата на потрошувачите и корисниците на овие премиум возила.

M Kar BMW Press (10) (Custom)

Во сервисниот центар, опремен по највисоки стандарди, на корисниците ќе им бидат достапни и  лимарско фарбарски услуги, кои ќе ги извршуваат искусни и квалитетни кадри обучени во Германија.

M Kar BMW Press (3) (Custom)

Исто така, на прес конферецијата беше презентиран и менаџерскиот тим кој ќе раководи со компанијата предводена од Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top