| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на долгометражниот филм „Тајната состојка“ на Ѓорче Ставрески

Во депото на Македонски железници во Скопје денеска почна снимањето на долгометражниот игран филм „Тајната состојка“ по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески.

tajnata sostojka

 

Трагикомичната приказна за еден млад човек кој сака да му помогне на својот татко ќе се снима во следните шест недели на повеќе локации во Скопје ­ депото на Железница, кампот на езерото Треска, стан во населбата Автокоманда, Луна парк итн.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Симо Бранов, костимограф Раде Василев, а композитор Бранислав Николов. Продуценти на филмот се Емилија Чочкова и Ѓорче Ставрески.

Филмот „Тајната состојка“ е во продукција на „Фрагмент филм“ и веќе во фазата на развој освои повеќе домашни и меѓународни награди.

„Тајната состојка“е дебитантско долгометражно остварување на Ставрески и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top