| четврток, 6 декември 2018 |

Тетоважите на познатите Македонци посветени на нивните деца

Голем број на татковци ширум светот, безусловната љубов кон своите деца на симболичен начин ја овековечуваат со тетоважа на нивното тело. Меѓу познатите личности од светот, на таков чекор се одлучиле и Дејвид Бегам и Канје Вест (повеќе тука).

И меѓу македонските познати личности има многу што тетоважите им ги посветуваат на своите најсакани.

Перо Антиќ во една прилика изјави дека тетоважите го прават посилен. Како голем љубител на тетовирањето, македонскиот интернационалец има голем број на написи и симболи на своето тело, но најважни му се оние посветени на семејството.

Indiana Pacers at Atlanta Hawks

На десната подлактица Антиќ го има испашано името на синот Лука, а на левата името на второто синче Павел, која ја направи само два часа по неговото раѓање. Розата на градите е симбол за неговата сопруга Ружица.

И македонскиот пејач Мартин Мила скоро целото свое тело го има прекриено со тетоважи.

martinrazvod

Меѓу нив се разбира најдраги му се оние на вратот и градите, кои се посветени на неговата ќерка. Пејачот покрај тетоважите, за уште повеќе да ја зацрврсти врската со својата тригодишна ќеркичка, која како што вели е целиот негов свет, дури и го промени презимето Србиновски во името на неговата ќерка Мила.

Владимир Блажев, односно Панчо од „ДНК“ веќе неколку години постојано го полни телото со нови тетоважи.

12006254_10206364772830870_4289423948858074202_n

Покрај оние посветени на неговата пасија музиката, тој има посебно место и за тетоважите за неговите два сина. Тука се и тетоважите кои наместо бурми ги направија тој и неговата сопруга Маја, која исто така има тетоважа посветена на нивниот син Андреја.

292461_389524461107811_1898925895_n

 

И Тијана Дапчевиќ му посвети тетоважа на својот син.

Back Camera

Уште во 2010, кога Вук наполни 2 години, Тијана на грбот го истетовира неговиот иницијал со ангелски крилја, тетоважа на која вели многу е горда.

Кога почнал да се тетовира, словенечкиот ракометар со македонски пасош Ренато Вугринец, немал намера да биде истетовиран толку многу, почнал со помали тетоважи, но овој уметнички феномен набрзо му станал нешто како опсесија.

renato vugrinec

Тетоважата посветена на неговата ќерка, за која вели има „тежина од милион долари“, ја направи токму во Скопје.

Подготви: Марина Костовска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top