Најмалку 38 луѓе загинаа, меѓу кои и 11 деца, а 59 се повредени откако се урна зграда во изградба во најголемиот индиски град Мумбаи вчера вечер. Според агенциските информации, се претпоставува дека под урнатините има уште луѓе по кои трагаат спасувачките екипи.
Четири ката од зградата биле завршени и во нив биле сместени станари. Во времето кога се случила несреќата во објектот имало најмногу работници.
Причините за уривањето сѐ уште не се познати, но, според тамошните медиуми, вакви инциденти не се реткост во Индија затоа што инвеститорите постојано кратат на трошоци за материјали за градба, не водејќи грижа за безбедноста и квалитетот на работата.
Според полицијата, инвеститорите немале дозвола за градба на зградата. Тие во моментов се во бегство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


