| четврток, 6 декември 2018 |

Семеен викенд во киното „Синеплекс“

Бројни анимирани филмови, креативно детско катче, балони, маскоти, играчки, слатки десерти за најмладите .Традиционално и овој прв викенд од месец април семејна забава во киното Cineplexx. Семеениот викенд во киното Cineplexx ќе се одржи на 6 и 7 април. Во рамки на викендот младите посетители и нивните родители ќе го запознаат првото пештерско семејство во филмот „Крудс“, ќе ги доживеат авантурите на волшебникот од Оз и ќе можат да  ги проследат останатите анимирани филмови дел од репертоарот на Cineplexx.

Во сабота и недела, од 12 до 17 часот, покрај филмската програма посетителите ги очекува и забавна програма. Најмалите кино љубители ќе се дружат со познатите филмски маскоти, ќе бидат креативни во детското катче, и ќе се забавуваат со најинтересните детски играчки. А оние кои сакаат слатки изненадувања, ќе можат да вкусат смрзнат јогурт за време на викендот.

Попусти за целото семејство со картичката од Семејниот Филмски Клуб! Овој викенд посетителите ќе можат да го добијат Семејното мени по намалена цена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top