Селекторот на Украина Виктор Фоменко го објави списокот на 25 фудбалери на кои ќе смета за квалификацискиот натпревар против Македонија на арената „Филип Втори“ на 9.октомври и за натпреварот три дена подоцна со Шпанија во Киев. Најзвучни имиња секако се Евгениј Конопљанка од Севилја и Андреј Јармоленко од Динамо Киев. Тој најави дека посакува победа на гостувањето против Македонија. На списокот доминираат фудбалерите од домашниот шампионат од екипите на од Динамо Киев, Шахтјор Доњецк и Зорја, клубовите кои се на водечките позиции во тамошниот шампионат.
голмани: Пјатов (Шахтјор), Бојко (Днипро), Шевченко (Зорја)
одбрана: Федецки (Днипро), Хачериди (Динамо Киев), Шевчук, Кучер, Ракицки (Шахтјор), Пиљевски (Зорја).
среден ред: Гусев, Јармоленко, Сидорчук, Гармаш, Рибалка (Динамо Киев), Ротан (Днипро), Степаненко, Малишев (Шахтјор), Малиновски, Караваев, Камењука (Зорја), Тимошчук (Каират, Казахстан), Конопљанка (Севилја).
напад Селезњов (Днипро), Будковски (Зорја), Кравец (Динамо Киев)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.