Била присилена да се омажи кога имала само 11 години.
Кога Мејагон имала 11 години, татко и ја продал на шеесетгодишен Авганистанец за две кутии херон.
-Цел живот немам почувстувано љубов, се отворила тогаш 16-годишната девојка, која со години трпела злосторство.
Својата приказна ја раскажала на фотографот Стефани Синклер од „Нешанел географик“.
Синклер со својот серијал фотографии „премногу млади за мажење“ се обидува да собере средства за девојчињата кои се принудени да се мажат, што е пракса во разни делови од светот.
Се проценува дека околку 14.2 милиони девојчиња годишно, како што е Мејагон, се принудени да се мажат пред да наполнат 18 години, што е страшна традиција. Тие на тој начин се изложени на злосторство, сиромаштво и на смрт поради породување и други здравствени компликации.
Синклер ја запознала Мејагон во сигурна куќа во Херат. Откако дознала дека Мејагон била вратена кај својот татко, Синкле се охрабрила да продолжи со својата фотографска иницијатива, која во меѓувреме се развила во серијал „Премногу млади за мажење“ и кампања на која целта е да се подигне свеста и да се соберат средства за помош на многу слични судбини како судбината на Мејагон.
-Незнам што се случи со Мејагон, но сигурна сум дека ништо добро и се нема случено. Фактот дека бев беспомошна и дека неможев ништо да сторам за неа, беше главна причина што продолжив со проектот и зошто и ден денес работам на него, објаснила Синклер.
На Синлер посебно во сеќавање и е едно 11 годишно девојче од Гаватемала која се омажила за дваесет години постар маж, а кога набрзо после тоа се породила, мажот ја оставил, така што таа денес е неписмено девојче и самохрана мајка.
Бременоста инаку претставува еден од најголемите ризици за девојчиња чии тела сеуште не се спремни да забременат. Така што компликациите за време на бременоста и породувањето предизвикуваат најголема смртност помеѓу девојчиња помеѓу 15 и 19 години, тврди УНИЦЕФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.