Направете се што е можно, руските воени сили да учествуваат во вооружени акции надвор од нашите граници, рече претседателот на државата, Владимир Путин, пренесе РИА Новости.
Со овие зборови шефот на државата им се обрати на пратениците од Советот на федерацијата (горниот дом на парламентот во Москва). Тој исто така истакна дека одлуката на законодавците треба да биде заснована на нормите на националното и меѓународното право.
Претседателот на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко, соопшти дека нејзините колеги дебатираат околу ова прашање зад затворени врати.
Според извори на новинската агенција Интерфакс, станува збор за испраќање на единици на вооружените сили на најголемата по територија земја во светот во Сирија, за борба против единиците на Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.