Академик Митко Манџуков, писател е добитник на државата награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста, соопшти Министерството за култура.
Одборот за доделување на наградата, чиј претседател е академик Катица Ќулавкова, одлучил дражвата награда за животно дело во областа на науката и образованието. да им припадне на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.
Државната награда,,11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.