Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јоана Микл Лајтнер, ја вознемири јавноста со изјавата дека ако Германија ги затвори границите и ако дојде до натрупување на бегалците, оваа земја ќе биде принудена да ги затвори границите, и тоа дури со примена на сила. Таа не сакаше да ги коментира најавите на Германија дека ќе ги стопира вонредните возови со кои се превезуваат бегалците од Австрија преку граница, објаснувајќи дека таквата информација е и од интерес на шверцерите.
Министерката подвлече дека е потребно европско решение за бегалската криза.
– Мораме да бидеме свесни дека ако нема меѓународно решение, постојат само две можности, да продолжиме како и досега или да воведеме построги контроли на границите, а тоа значи примена на сила – објаснува таа.
Микл Лајтнер укажала дека тогаш би се случиле слики како во Македонија и дека за тоа мора сите да бидат свесни.
Ако дојде до натрупување на бегалците на границите, тогаш единствена шанса е целосно затворање на границата, смета таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец