Според него, со тоа што САД ги поканиле на состанокот и претставниците на Косово, покажале оти „се во зградата на ОН е под команда на Барак Обама“.
Средбата одржана на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН, чиј домаќин беше Обама, беше посветена на борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), на проблемот со регрутирањето странски борци од страна на екстремистите и на севкупното справување со милитантите ширум светот.
Чуркин изрази и незадоволство од собирот, бидејќи како што рече Светската организација имаат сопствена стратегија во борбата против тероризмот, а со ваквата средба „сериозно се поткопуваат напорите на ОН во тој правец“.
На собирот присуствуваа претставници на над 100 земји, меѓу кои и на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим



