Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден отвори налог на популарната социјална мрежа Твитер.Како што објави телевизијата „Раша Тудеј“, првата објава на Сноуден на Твитер гласела: „Дали можете да ме слушнете сега?“.
Според телевизијата, за кусо време Сноуден собрал повеќе од 160.000 следбеници и нивниот број „расте од минута во минута“.
Сноуден стана познат откако ја обелодени тајната програма на НСА за масовно прислушување ширум светот, по што побегна од САД и сега живее во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.