Македонскиот шампион во футсал КМФ Железерац вчера пристигна во Братислава, а денеска веќе го одржа и првиот тренинг за натпреварите од групната фаза од Купот на УЕФА во „Хант Арена“.
Натпреварите започнуваат утре, а ќе траат до 3.октомври. Целта на Железарец е да јз задржи добрата форма која ја имаше од почетокот на подготовките и да се избори за пласман во нокаут фазата.
Веднаш на стартот македонскиот преставник ќе го одигра дерби дуелот со домаќинот Слов Матик кој шестта сезона по ред е дел од ова натпреварување. Ден подоцна ќе се пресмета со Ајндховен, а на 3. октомври противник ќе му биде финскиот шампион Сиеви.
Распоред:
30. септември:
Ајндховен – Сиеви 16.30 часот
КМФ Железарец – Слов-Матик 19.00 часот
1. октомври:
КМФ Железарец – Ајндховен 15.30 часот
Слов-Матик – Сиеви 18.00 часот
3. октомври
Сиеви – КМФ Железарец 15.30 часот
Слов-Матик – Ајндховен 18.00 часот
фото: КМФ Железарец
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.