Дваесет и осумгодишната Кетриона Вајт, поранешна девојка на актерот Џим Кери, пронајдена е мртва во својата куќа во Лос Анџелес. Американските медиуми пишуваат дека се работи за самоубиство, откако по втор пат раскинала со славниот актер.
Ирската убавица ја пронашле пријателите, а кога виделе дека е без свест, веднаш повикале полиција. Пред неколку дена, по раскинувањето со Џим, се огласила последен пат на Твитер и порачала дека го брише својот профил.
Кет и Џим се запознале 2012 година, излегувале некое време, а потоа раскинале. Се смириле оваа година, но повторно раскинале . Се истражува причината за нејзината смрт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.