Утре, во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржат два концерта на музичката група „Њујорк џипси ол старс“. Првиот концерт е закажан за 19 часот и за тој концерт има билети во продажба, а вториот концерт е закажан за 21 часот и е распродаден.
Членовите на „Њујорк џипси ол старс“ се мајстори на современата балканска ромска музика. Настануваат откако нивниот басист влегува во еден бар во Њујорк и ја слуша музиката полна звуци од источниот медитеран, од јужниот дел на Балканот. Чистотата на кларинетот ја обземала целата соба, како да пее. Од тој момент на откривање, „Њујорк џипси ол старс“ се оформува во состав што ги обединува разновидните балкански звуци од Македонија, Грција, Турција, со музиката од американски корени. Користат различни инструменти, типични за Балканот, типични за ромската музика. Во бендот членува и големиот македонски кларинетист Исмаил Лумановски.
Цена на билет чини 250 денари во претпродажба, 350 денари на врата.
Билети се продаваат само на билетарницата на МКЦ.
Билети се продаваат само на билетарницата на МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.