| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот вицепремиер ги обвини ОН дека се претвораат во безгласна буква

 Турскиот вицепремиер Али Бабаџан ги обвини ОН дека се индиферентни во однос на проблемите на денешницата и предупреди на опасноста оваа меѓународна организација да се претвори во безгласна буква, пренесоа турските медиуми.

Бабаџан ги критикуваше ОН поради ситуацијата во Сирија.

– За жал, меѓународната заедница не покажува волја за заеднички активности (за сириското прашање). Оваа организација, создадена во име на мирот и стабилноста, стои индиферентно кон денешните проблеми. Не реагира како што е неопходно. Треба да биде реформирана. Ако тоа не се случи, ОН ќе ја загуби својата претставничка сила и легитимност – рече Бабаџан.

Според вицепремиерот, невозможно е сегашниот сириски режим да продолжи да функционира и порано или подоцна ќе биде соборен.

– Системот во Сирија категорично ќе се промени и оној што ќе се создаде ќе биде претставен од сирискиот народ – рече Бабаџан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top