| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеник на Златна зора исфрлен од парламентарна комисија – го нарекол Венизелос „смешен и дебел“

 Пратеникот на „Златна зора“ Елиас Касидиарис вчера бил исфрлен од состанок на парламентарната комисија која го испитува скандалот со „Лагард листата“, јави дописникот на МИА од Атина.

Касидиарис го нарекол Венизелос „смешен и дебел“ за време на сведочењето на лидерот на ПАСОК пред комисијата,.

Поради испадот, претседателот на комисијата Хрисос Маргојанакис го отстранил пратеникот на неофашистите од состанокот.

Пратениците на владините коалициски партнери ПАСОК и Демократската левица подоцна го обвинија Касидиарис за „фашистички напади“.

Тројца пратеници на ПАСОК испратиле писмо до претседателот на парламентот Евангелос Мимаракис во кое бараат итен состанок на парламентарното претседателство на кој би се разговарало за позицијата на ултрадесничарката националистичка партија „Златна зора“ во парламентарната истрага за „Лагард листата“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top