Младите девојки „паѓаат“ на амбициозни и добро ситуирани мажи, додека жените во зрели години ги привлекуваат мажите кои се чувствителни. Заедничко за сите жени е тоа што тие бараат партнер кој сексуално ќе ги привлекува.
Да има добра работа, да е амбициозен и атрактивен – така младите девојки го замислуваат својот совршен маж, но порано или подоцна стануваат свесни дека има други работи кои се поважни.
Годините и искуството со себе го носат и сознанието дека принцот на белиот коњ не постои и примарна цел за жените станува процесот на создавање емотивна блискост со партнерот.
Истражувањето во кое учествувале 9.000 жени на возраст помеѓу 16 и 75 години, покажа дека финансиската состојба и амбициозноста се двата најважни фактори за младите жени, од кои дури половината признале дека посакуваат партнер кој може да си дозволи да ги задоволува желбите на жените и да ги опсипува со подароци и со внимание.
Една четвртина од девојките кои учествувале во анкетата сакаат врска со амбициозен маж кој гради успешна кариера. Од друга страна, жените во зрелите години сакаат некој кој ќе им понуди сигурност и разбирање и кој ќе биде покрај нив секогаш кога им е тешко.
Спроведената анкета покажала дека младите девојки поголемо внимание оддаваат на физичкиот изглед на потенцијалниот партнер.
„Интересно е тоа што очекувањата на жените со текот на времето се менуваат. Младите девојки сакаат нивниот партнер да има сѐ – изглед, пари, кариера, но и да биде искрен. Во зрелите години, дамите пред сѐ очекуваат нежност и разбирање, а сакаат нивниот партнер да биде и одговорен и да има смисла за хумор“, изјавил Сиобан Фригард од „Нетмумс.ком“.
Сепак, без оглед на годините, жените се согласуваат дека сексуалната привлечност е неопходен елемент во врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.