Сирењето и виното се создадени еден за друг, но има специфики во комбинирањето на овие два производа. Кое сирење со какво вино се консумира?
- Сино сирење (Fromage Bleu) се служи со каберне совињон, шира, зинфандел, порто.
- Чедар (Cheddar) оди со пардоне, совињон бланк, ризлинг, каберне совињон и пино ноар.
- Ементал (Emmental) се консумира со мерло, пино ноар, каберне совињон.
- Гауда (Gouda) се консумира со шардоне, мерло, шира, зинфандел.
- Бри (Brie) се комбинира со шампањ, шардоне, пино ноар.
- Едам (Edam) оди со ризлинг и со шардоне.
- Рокфор (Roquefort) се консумира со десертни бели вина или со густи црвени вина од сортата мускат.
- Горгонзола (Gorgonzola) идеално се комбинира со амароне, каберне совињон.
- Камамбер (Camembert) се консумира со шампањ и со црвени вина од сортата мерло.
- Минстер (Münster) најдобро се комбинира со шардоне.
- Проволоне (Provolone) се консумира со бордо, мерло и со сан џовезе.
- Фета (Feta) идеално си одговара со божоле и со сите млади вина, кои имаат овошен вкус и арома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.