| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Дербито на „Драгао“, Арсенал на „поправен“ против Олимпијакос

Вечерва во Европа се игра второто коло од групите Е, Ф, Г и Х во Лигата на шампионите.

Champions League Final - AS Monaco v FC Porto

По неколкуте изненадувачки резултати во првото коло, многу од фаворитите ќе се обидат да го поправат впечатокот и да се обидат да дојдат до првите победи.
Дербито се игра во Порто на „Драгао“ каде ќе се сретнат екипите на Порто и Челси. Челси оствари уверлива победа во првиот меч на „Стенфорд Бриџ“ над Макаби Тел Авив од 4-0.
Порто одигра меч истотака со многу голови одигрувајќи 2-2 на гостувањето кај Динамо Киев.
Мечот е посебен бидејќи по 11 години Жозе Мурињо се враќа на местото од каде се вивна во фудбалските височини. Тој за две години поминати на клупата на Порто освои се што можеше да се освои. Две титули во португалското првенство, две куп титули на таа земја, ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2003/04, а година дена порано и Купот на УЕФА.
Освен Мурињо посебни емоции ќе има и за Фалкао кој сега го носи синиот дрес на Челси, а својата врвна кариера во Европа ја започна токму во Порто играјќи од 2009 до 2011 година.

Арсенал по кискот и непријатниот пораз кој го доживеа во првото коло во Загреб од Динамо, рехабилитацијата ќе ја бара против Олимпијакос на свој терен. Како и што изјавува менаџерот на екипата, Арсен Венгер победата за лондочани е задолжителна ако сакаат да ја минат групната фаза.
Вториот натпревар во групата Ф се игра во Минхен каде Баерн е апсолутен фаворит над Динамо Загреб кој ќе се обиде да направи уште едно големо изненадување и да излезе непоразен од „Алијанц Арена“.

Во групата Е Барселона по нерешениот резултат на „Олимпискиот стадион“ во Рим против Рома на „Камп Ноу“ е фаворит во дуелот со Баер Леверкузен. Каталонскиот гигант е ослабен со неиграњето на Меси поради повреда на коленото, а „фармацевтите“ ќе се обидат да дојдат до позитивен резултат и во второто коло по стартната победа од 4-1 над Бате Борисов.

Во останатите натпревари се среќаваат:

Група Е: Барселона – Баер Леверкузен, Бате Борисов – Рома

Група Ф: Баерн Минхен – Динамо Загреб, Арсенал – Олимпијакос

Група Г: Порто – Челси, Макаби Тел Авив – Динамо Киев

Група Х: Зенит – Гент, Лион – Валенсија

Сите натпревари започнуваат во стандардниот термин во 20.45 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top