| четврток, 6 декември 2018 |

Презакажан концертот на Ѓорѓе Балашевиќ

Поради техничко-логистички причини, датумот за концертот на Ѓорѓе Балашевиќ е префрлен за 14 ноември, информираат организаторите. Локацијата останува иста – арената „Борис Трајковски“во Скопје.

Влезниците купени за 30 октомври важат и за новиот датум. 

Легендарниот новосадски кантавтор пред македонските обожаватели ќе го претстави својот најнов музички проект, кој наиде на огромно одушевување секаде каде што тој заедно со неговата група го претстави во изминативе година и пол. Задоволството да уживаат во него досега го имаа загрепчани (пет распродадени концерти во „Ватрослав Лисински“), сараевчани („Зетра“- 20 илјади посетители), жителите на Осиек (10 илјади посетители), Сплит (распродадена арената еден месец пред концертот)…

Како и за секој голем концерт што го работи „Авалон продукција“, така и за овој несекојдневен настап на Балашевиќ, билетите беа пуштени во продажба речиси шест месеци пред концертот преку продажната мрежа на „Купи карти за се“ со цени: 900 денари за партер (седење), 700 и 900 денари за трибина (седење) и 1.200 денари за „златно седиште“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top