Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, неодамна си купи луксузен стан на Петтата авенија, Менхетн во Њујорк за 18,5 милиони долари. Со тоа тој ги засили гласините, дека по истекување на неговиот договор со Реал Мадрид во 2018 година, ќе се пресели да живее во странство. Сакате да видите како изгледа стан од над 18 милиони?
Станот на Кристијано Роналдо се наоѓа на последниот кат на „Трамп Тауер“, облакодер во сопственост на милијардерот и кандидат за претседател Доналд Трамп.
Овој луксузен стан порано бил во сопственост на Алесандро Порто, бизнис партнер на Доналд Трамп.
Станот е изграден во 1983 година, а ентериерот е дело на светски познатиот дизајнер Хуан Пабло Молине.
Станот има три соби и три и пол бањи и се смета за едно од најпрестижните и сигурни места за живеење во Менхетен. Толку скап имот во толку престижна област на Големото јаболко целосно одговара на џебот на Роналдо, кој минатата година заработи 79 милиони долари.
Високата цена на станот се оправдува со фактот дека ја има формата на буква L. Апартманот е со фантастичен поглед на запад кон реката Хадсон, на север кон Централ Парк и на југ кон најатрактивните згради во Њујорк, како Емпајер Стејт Билдинг, Крајслер Билдинг и Статуата на слободата.
Сите станари на „Трамп Тауер“ имаат пристап до голема фитнес сала, хемиско чистење, ресторан, бар и продавници лоцирани во самата зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.