| четврток, 6 декември 2018 |

Путин ќе му каже „Збогум“ на Кремљ?

putin-mafta-640x320

Рускиот претседател Владимир Путин не е сигурен дали ќе се кандидира на изборите за шеф на државата во 2018 година, пренесува „ТАСС“.

– Колку долго ќе бидам на чело на државата, зависи од две околности. Првото е утврдено во Уставот, кој не дозволува еден човек да биде шеф на државата повеќе од два последователни мандата. Овие одредби нема да бидат нарушени од моја страна. Во исто време не сум убеден дека ќе се кандидирам за уште еден мандат во 2018 година, како што дозволува Основниот закон, изјави Путин.

– Втората околност е каква ќе биде ситуацијата во Русија и надвор од неа – појасни тој пред агенцијата.

Путин, исто така, истакна дека сака да се повлече од власта, кога таа ќе стане силна, независна и конкурентна, како и флексибилна кон промените внатре и надвор од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top