| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија зајми гласачи од Македонија

Македонци и Срби ќе ги решаваат бугарските парламентарни избори, тврдат дел од медиумите кај источниот сосед

Може да се случи во регионот на Ќустендил, на граница со Македонија, граѓаните од соседната држава да бидат пресудни за парламентарните предвремени избори закажани за мај , пренесуваат дел од бугарските медиуми.
На бугарските гласачки листи одеднаш се појавиле стотици Срби и Македонци, тврдат медиумите во оваа земја.
Само во едно гласачко место, основно училиште во Ќустендил, се регистрирани 400 гласачи од соседството, тврдат медиумите. Според листата, вкупниот број на гласачи на ова избирачко место е 1.000.
За време на последните локални избори една жена од Ќустендил добила прекар Мајка Тереза откако во својот дом сместила 400 гости од Македонија.
Трговијата со гласови може да стане исплатлив бизнис за Македонците за време на избори. Засега според бугарските медиуми најголем број на гласачи од Македонија се Роми, кои гласовите ги продаваат за пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top