Попладнево, во зграда од ексклузивниот станбен комплекс на Водно, „Соравија ресорт“, на улицата „Тодор Александров“ во Скопје, било пукано со огнено оружје.
Како што информираа од полиција, настанот се случил во 17.45. Непознат сотрител со огнено оружје испукал проектил кон вториот кат на комплексот и избегал.
Од испуканиот проектил, оштетена е само фасадата на зградата и нема човечки жртви.
Полицијата е на терен и работи на расчистување на случајот. Повеќе детали најавени за утре.
Фото: Архива
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.