| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен уште еден албански џихадист во Сирија

Уште еден албански државјанин кој војувал на страната на џихадистчката група Исламска држава (ИД) е убиен на боиштата во Сирија, јави дописникот на МИА.

Станува збор за 25-годишниот Доријан Куќо од селото Ремен кај Подградец.

Веста за неговата смрт ја соопштило неговото семејство. Тие потврдиле дека во изминатиот период тој комуницирал со  нив, а од неговиот телефон последно се јавило друго лице за да ги извести за неговата смрт.

Куќо за Сирија заминал во јули 2013 година и воопшто не се вратил во родниот крај. Пред заминување проповеди добивал од самопрогласениот имам Генци Бала, кој по обвинение за регрутирање млади за боишптата во Сирија и Ирак е во притвор заедно со уште десеттина други лица.

Со загинувањето на Куќо, бројот на албанските државјани кои како џихадисти загинале на боиштата во Сирија се искачи на 16, додека вкупната бројка на убиени Албанци од Балканот е над 80.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top