Економскиот пораст во регионот забрзува во однос на 2014 година. Србија и Босна и Херцеговина закрепнуваат побрзо од очекуваното, додека во Македонија порастот е помал од планираното, но, сепак, се очекува годинава земјава да оствари пораст од 3,2 отсто, што би бил втор по ред во регионот, веднаш по Црна Гора, за која се очекува да оствари пораст од 3,4 отсто. Во првите два квартала годинава порастот е поддржан од градежништвото, трговијата, бизнисот и од секторот на финансиски услуги – стои во најновиот извештај на Светска банка за Западен Балкан.
Трговската размена на Македонија бележи намалување на трговскиот дефицит, преку зголемување на извозот, а намалување на увозот. Невработеноста се намалува и тоа Црна Гора и Македонија се единстевните земји од ЈИЕ каде што невработеноста се намлила на ниво под таа од 2009 година, а со падот на невработеноста се намалува и сиромаштијата – бележи Светска банка.
Финансискиот сектор во Македонија е многу стабилен, за разлика од земјите во регионот, а нефункционалните кредити се под просекот на регионално ниво – утврдила Светска банка.
Едни од најголемите ризици за македонската економија се политичката криза и емигрантите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.