Катарина Ивановска сѐ почесто и подолго е во Скопје. Причината за тоа е нејзиното ново момче, прво што отворено го покажа во јавноста.
Македонската манекенка веќе неколку месеци ужива во друштвото и во љубовта на скопјанецот Цобе.
Кики веќе не ги крие нежностите и редовно објавува романтични фотографии на социјалните мрежи.
– Појадок со мојата љубов. Тој е толку згоден – напиша манекенката уживајќи во неделниот појадок со своето момче.
Манекенката во интервју за „Република“ неодамна откри дека има неколку дестинации кои сака да ги посети, меѓу кои и Мароко, земја која планира да ја посети наскоро, се разбира со најсаканото друштво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.