| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски го честита Меѓународниот ден на Бошњаците

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до Бошњачката заедница во Македонија по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

груевски

Посакувајќи им добро празнично расположение, среќа и бериќет, премиерот Груевски во честитката истакнува дека празнувањето на денот на вториот бошњачки собор претставува симбол на обединетоста и на сплотеноста на бошњачкиот народ.

– Себеидентификацијата претставува основно, загарантирано и неотповикливо човеково право кое е столбот на кој се темели нашата заедничка држава. Принципите на разбирање и толеранција се вредности кои сите, ги споделуваме и благодарение на нив успешно ја градиме иднината која ја посакуваме за себе и за своите деца – вели Груевски во честиката.

Тој додава дека како Влада ќе продолжат активно да работат на подобрување на севкупните услови за живеење на сите граѓани, вклучително и на Бошњаците. ­

– Нашите приоритети продолжуваат да бидат благосостојбата и среќата на сите оние кои Република Македонија ја нарекуваат свој дом, цел кон која и вашата заедница секојдневно го дава својот придонес – нагласува премиерот Груевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top