| четврток, 6 декември 2018 |

Божовиќ е втор стрелец во ЛШ, а Лазаров е невообичаено тивок

metalurg-6

Бекот на Металург, Јанко Божовиќ, е втор сетрелец во Лигата на шампионите со 18 гола по две кола, а неочекувано тивок е популарниот крал на стрелците, Кирил Лазаров.

Лидер со 20 погодоци е Кристијан Бјернсен од Кристијаштад, екипа со која во следната рунда ќе игра македонскиот првак Вардар. Зад него е новото засилување на Металург, Божовиќ, со 18 погодоци, а на делба на третата позиција со Егерт од Фленсбург и Микелсен од Скјерн.

Со 11 погодоци Кирил Лазаров е на делба на 24. место, а со погодок помалку Тимур Дибиров ја дели 29. позиција со Словенецот Млакар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top