Деветтиот по ред „Виноскоп“ ќе започне оваа среда, 30 септември и ќе трае пет вечери. Преку триесет вински штандови и штандови за храна ќе бидат поставени на новата локација на фестивалот, кој годинава ќе се одржува на паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, од страната на Аквапаркот.
Во петте дена фестивалот на виното ќе понуди и богата музичка програма, во која најзастапени ќе бидат македонските изведувачи. Понудата ќе биде различна за да се задоволат повеќето вкусови, па на сцената ќе чуеме изведувачи на шлагери, рок, популарна музика, филхармонија со преработки на светски хитови, реге, ирска музика, џез, блуз, руски традиционални песни, македонски хитови, фолк, етно, ска, самба, труби…
Фестивалот ќе трае до недела, 4 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.