| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоровиќ потпиша меморандум за соработка со „Анима мунди“

Меморандум за соработка денеска потпишаа кандидатот за градоначалник на општина Центар од ВМРО-ДПМН, Владимир Тодоровиќ и претседателот на Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, Стојче Велковски.
– Ја искажувам својата волја преку меѓуопштинска соработка да обезбедам  користење земјиште, на кое би се изградил соодветен стационар за згрижување и вдомување на животните со капацитет од 500-тина животни годишно. Притоа, општината ќе обезбеди поддршка и помош за целокупното функционирање во делот на храна, грижа за животните и соодветен персонал, согласно ингеренциите на општината – изјави Тодоровиќ.
Тој најави дека ќе промовира исклучиво хуманост, вдомување, стерилизација на животните и нивна вакцинација како единствен адекватен, како и хуман пристап за решавање на проблемот со бездомните кучиња и заштита на граѓаните.
Велковски најави дел од активностите на здружението, межу кои се обезбедување волонтери, едукација, пред сè на деца и млади, организација на настани за учениците од основните училишта од општина Центар, континуирано вдомување и организација на големи акции за промоција на вдомување на миленик, наместо купување и водење на Регистар на вдомени кучиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top